СветСветот на работникотСиндикат

ИТУК: Банките за развој нудат заштита на работничките права

ИТУК: Банките за развој - Работник
148views

Синдикалните активности доведоа до обврзувачки гаранции во мултилатеалните банки за развој. Новиот прирачник на Светската Конфедерација на синдикати – ИТУК покажува како да се употребат овие гаранции во борбата за работнички права и како модел за развивање на пристојна работа за сите.

Светската банка и банките за регионален мултилатерален развој  овозможуваат билиони во позајмици секоја година за финансирање на проекти и приватни компании во земјите во развој. Голем број на работници се поврзани со ова финансирање, од градежните работници кои градат патишта од проект кој е финансиран од Африканската банка за развивање до работниците кои работат во приватни складишта за вештачко ѓубриво коишто се прошириле со финансирање од страна на Меѓународната финансиска корпорација. Благодарение на годините посветени на синдикална мобилизација, повеќето позајмици од мултилатерланите банки за развивање сега имаат гаранции кои бараат сигурни и пристојни работни услови и почит на клучните трудови стандарди на Меѓународната организација на трудот.

„Нападите врз човековите и синдикалните права се застапени насекаде низ светот, а работниците се соочуваат со битки во организирањето за пристојна работа. Трудовите гаранции на мултилатералните банки за развој се предност во овие битки. Синдикатите побараа и добија заштита. Сега е време да се употребат трудовите гаранции за градење на моќ и да се обвинат банките доколку работничките права се прекршат“, рече Генералниот Секретар на ИТУК, Шаран Бароу.