СветСиндикат

ИТУК бара ослободување на Претседателот на Азиско – Пацифичкиот регион

ИТУК бара ослободување на Претседателот на Азиско - Пацифичкиот регион - Работник
73views

Меѓународната Конфедерација на синдикати – ИТУК го осудува апсењето на Феликс Антони, Национален Секретар на Конгресот на синдикати на Фиџи и Претседател на ИТУК Азија – Пацифик, заедно со уште 30 други синдикалци на денот на трудот. Антони учествувал на трипартитен состанок со претставници на Владата, работодавачите и Меѓународната организација на труд во Сува, кога полицијата влегла во салата за конференции и го уапсила.

„Ова е гротескна злоупотреба на моќта од страна на власите во Фиџи која што е уште полоша поради фактот што полицијата упаднала на состанок на МОТ, во кој Владата имала учество, со цел да го уапсат Феликс Антони. Бараме тој и сите другите кои се уапсени, да бидат ослободени веднаш и лажните обвиненија против нив да се повлечат“, рече Генералниот Секретар на ИТУК, Шаран Бароу.