- Advertisement -
ЕкономијаСветСиндикат

ИТУК: Да се заштитат работните места во најсиромашните држави во светот

ИТУК: Да се заштитат - Работник
182views

Светската Конфедерација на синдикати – ИТУК ги повика меѓународните институции на нивните Пролетни Состаноци следната недела да развијат итен и спроведлив план, како одговор на економската деструкција од страна на пандемијата на Ковид – 19, во која најзагрозени се работните места и социјалната заштита.

„Ковид – 19 ќе има катастрофален удар врз најсиромашните држави, па затоа итно е потребна социјална заштита за државите ширум светот. Потребни се милијарди долари. Сумата е голема, но е само мал дел од трилионите долари на финансиски стимулански ветени од земјите на Г20. Пандемијата влијае врз целиот свет и само со заедничко работење на сите држави, оваа битка може да се победи“, рече Шаран Бароу, Генерален Секретар на ИТУК.

Социјалната заштита е вклучена во изјавата на ИТУК/глобалните синдикати за Пролетните Состаноци; кои ги поставуваат потребите за координирана акција од страна на владите и глобалните институции за економски стимуланси, дејствувања за јавното здравје и олеснување на долговите.

Основно за планот е повикот на ММФ да издаде дополнителни „Специјални права за влечење“, механизам за девизи кој може да испорача очајно потребна помош до најсиромашните земји и да ја одржи финансиската стабилност, како што тоа го стори во 2009 година. Оваа нова распределба треба да биде придружуванa од Фонд за доверба преку кој земјите од напредната економија можат да ги пренаменат своите сопственички права на социјални права во други земји. За земјите во развој, алокацијата на СРР ќе обезбеди вид на економска поддршка што напредните економии ја извршуваат преку квантитативно олеснување. Потребно е олеснување на долговите, врзано со целите на Обединетите Нации за одржлив развој, а не за неуспешната неолиберална структурна реформа. Додека Г20 се посвети на рекорден стимул од 5 трилиони долари, ризикува да ги исклучи повеќето земји во развој.