ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ИТУК: Ковид – 19 да биде класифициран како заболување на работното место

ИТУК: Ковид - 19 - Работник
107views

Светската Конфедерација на синдикати – ИТУК и глобалните синдикати бараат Ковид – 19 да биде класифициран како заболување на работното место, за да се обезбеди посилна заштита на работнците и пристап до компензација, како и медицинска грижа. Барањето, ИТУК и глобалните синдикати го поставуваат по повод Меѓународниот меморијален ден на работниците – 28 април.

„Постојат многу аспекти на САРС – КоВ – 2 вирусот кои сеуште не се јасни, но едно нешто што е јасно е дека најголемиот дел од заразувањето се случува на работните места, како болниците и установите за грижа, како и на работни места каде што заразата може да се пренесе помеѓу работниците кои работат на отворено. Веќе постојат докази во голем број на држави, каде заштитните мерки на работните места како што се дистанцирањето и личната заштитна опрема се во мал број или недостасуваат. Работниците се принудуваат да преземаат ризици кои не треба да ги преземаат, а во некои случаи, како во магацините на Амазон, се соочуваат со санкции или се отпуштени поради јавно зборување за недоволната заштитата. Ставањето на Ковид – 19 во класификацијата на болести на работното место е круцијален чекор за да се сопре со овие неправди и да се намали ширењето на вирусот. Ова станува уште поитно како што државите започнуваат да ги ублажуваат мерките во економските сектори и јавните површини“, рече генералниот секретар на ИТУК, Шаран Бароу.

Класификацијата на заболувања на работните места ќе значи дека доколку работниците се заразат со вирусот на работните места дека заболувањето е поврзано со работното место, за што ќе има и докази. Ќе ги засили и јавноздравствените мерки кои ќе се развиваат во претстојните месеци и години.

„Бараме и безбедноста и здравјето при работа да имаат фундаментална улога во Меѓународната организација на трудот. Ова може да им обезбеди посилна заштита на работниците, а со тоа безбедноста и здравјето при работа има ист приоритет како слободата за здружување, колективното догововарање и заштита од дискриминација, приндуната работа и детскиот труд“, рече Бароу.