ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ИТУК: Откриени регионални разлики во справувањето на владите со Ковид – 19

ИТУК: Откриени регионални разлики - Работник
169views

Ударот на Ковид – 19 врз работните места и вработеноста се зголеми поради тоа што голем број на држави ширум светот прогласуваат карантин на национално ниво, ги затвораат училиштата и компаниите кои не се од есенцијална важност.

Јазот помеѓу регионите е откриен во втората анкета на Светската Конфедерација на синдикати – ИТУК за Ковид -19, спроведена во 94 држави, вклучувајќи 17 држави од Г20 и 32 од ОЕЦД, направена помеѓу 30 март и 2 април.

Најновата анализа на Меѓународната организација на труд за катастрофалниот ефект на Ковид – 19 врз работните часови и заработувачката покажува дека може да има загуба на 22 милиони еквавилентни работни места на полно работно време (базирани на 40 дневна работна недела) во Африка, 150 милиони во Азија – Пацифик и 29 милиони на американските континенти.

Додека Г20 владите се обврзаа да обезбедат рекореден стимуланс од 5 трилиони долари, кризата во земјите во развој може да се зголеми.

Најголемиот дел од владите (72%) нудат заштита на платите и поддршка преку приходи, но постојат големи регионални разлики. 41 процент од државите рекле дека ова не е доволно за да се покријат есенцијалните трошоци – најголем дел од Азија – Пацифик (64 %) и Америка (45 %).

„Не можеме само да седиме и да чекаме пандемијата да ги нападне државите во Африка и Латинска Америка со истата сила како и во остатокот на светот без да имаме план за дејствување. 57 проценти од владите анкетирани во Африка и 35 проценти од државите на американските континенти не овозможуваат заштита на платите и додатоци за работниците. Мора да сме подготвени со сите расположливи алатки да ги поддржиме овие земји – на кои многумина храната и материјалите им зависат од глобалните ланци“, рече Шаран Бароу, генерален секретар на ИТУК.

ИТУК бара поддршка од Глобалниот фонд за универзална социјална заштита за најсиромашните држави за поддршка на здравството и додатоци за работници и ММФ да ги кооридинира фискалните стимуланси, да издаде додатни специјални права и да го насочи Фондот на доверба.

Анкетата на ИТУК за Ковид – 19 која вклучува податоци од земји кои одговориле од 17 март до 30 март, откри:

  • 62 проценти од државите се во карантин, од вкупно 54 проценти помеѓу 67 земји кои ја пополниле анкетата.
  • Европа (75 %) има најголем број на држави во карантин, а по неа следуваат американските континети (71%) и Азија – Пацифик со 61%.
  • Владата на Блосоњеро во Бразил е една од 94 држави каде што се вели дека корона вирусот не е голема закана за јавното здравје или националната економија.