ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ИТУК: Потребна е нова легислатива за заштита на човековите и работничките права

ИТУК: Потребна е нова легислатива - Работник
116views

Според новиот извештај на Светската Конфедерација на синдикати – ИТУК со наслов „Кон задолжителна соодветна внимателност на глобалните синџири на снабдување“, за да се осигура издржлива светска економија која ќе го одржи опоравувањето од Ковид -19 и социјалниот прогрес, владите мора да преземат легислативни акции.

Додека сите влади треба да донесат обврзувачки човекови права во вид на легислатива, широката легислатива на ЕУ и договорот на Обединетите Нации за бизнис и човекови права се важни чекори за да се регулира односот на компаниите во однос на нивните глобални операции и активности.

„Пандемијата на Ковид – 19 ја експонираше кршливоста на глобалните ланци за снабдување и огромните ризици по човековите и работничките права во високо меѓуповрзаната глобална економија која не е водена од страна на законите.

Со глобалниот пад на побарувачката како резултат на пандемијата, многу компании престанаа со испорачувавање на услугите и производите, враќајќи се кон претходните обврски кои имаат катастрофално влијание врз работниците во глобалните ланци за снабдување.

Како што коронавирусот се шири, години на доброволна корпоративна социјална одговорност исчезнаа преку ноќ. Во отсуство на правилни регулаторни рамки, глобалните компании беа во можност да ги избегнат одговорностите за работниците кои ги произведуваа производите и ги овозможуваа добрата кои им дадоа енормен профит. Ова не смее да се случи никогаш повторно“, рече Шаран Бароу, Генерален Секретар на ИТУК.

Во Бангладеш повеќе од половина од текстилните снабдувачки пријавиле дека ги откажале производствата, што довело до масовно губење на работните места. Повеќе од 98 % од купувачите одбиле да придонесат за трошоците со исплаќањето на половина плати за отсуството на работниците кое е задолжително според законите. Седумдесет и два проценти од работниците кои се на отсуство не земале плати.

Во извештајот на ИТУК се даваат 8 препораки кои би им помогнале на работниците. Истите се базирани на анализа на силните и слабите страни на постоечката легислатива, направена од страна на д-р проф Оливер Де Шутер. Препораките се однесуваат на тоа сите компании да бидат опфатени од легислативната рамка; обврзаност преку корпоративните структури и бизнис релациите; меѓународно признавање на човековите и работничките права; можност за поплаки на работното место и механизми за правни лекови; мониторинг и санкции; одговорност; докажување и улогата на синдикатот.