ПравдаСветСиндикат

ИТУК: Предлозите на САД за Палестина ги кршат човековите права

ИТУК: Предлозите - Работник
149views

Предлозите на администрацијата на Трамп за Израел и Палестина, објавени во вторникот, се навреда за палестинските права и достоинство и немаат ниту еден од елементите на реален мировен план. Предлозите од страна претседателот Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, беа изготвени од зетот на Трамп, Jаред Кушнер, кој има широки деловни и финансиски врски со израелските компании, истакнуваат од Меѓународната Конфедерација на синдикати – ИТУК.

„Најавата оваа недела не дава основа за мир и правда и беше одбиена од палестинската власт. Немаше сериозен дијалог или консултација со Палестинците. Мирот може да се постигне само преку преговори засновани врз меѓународното право, а не преку наметнување на целосно неприфатлива еднострана формула на палестинскиот народ. Предлозите на САД сериозно ќе ги оштетат изгледите за правично и мирно решавање “, рече генералниот секретар на ИТУК , Шаран Бароу.

Формулата на САД ќе ги легализира сите нелегални договори на Израел на Палестинската територија; ќе го негира тврдењето на Палестинците за национален главен град во Источен Ерусалим, ќе остави десетици илјади на Палестнски државјани на Израел вон државата, ќе им помогне на Израелците да заземат една третина од територијата на Палестина во Јорданската долина, ќе направи Палестинците да имаат статус на бегалци и ќе ја елеминира УНРВА, агенција на Обединетите Нации која е витална за Палестинската економија и за да се формира Палестинската држава, ќе одлучуваат САД и Израел.

„ИТУк е во целосна солидарност со својата палестинска подружница  ПГФТУ во одбивањето на овие предлози и ја повикува меѓународната заедница да ги отфрли. Единствениот прифатлив пат кон напред е окупацијата да заврши и да се водат вистински преговори, што доведува до реализација на дводржавното решение засновано врз резолуциите 242 и 338 на Советот за безбедност на Обединетите нации и границите пред 1967 година, со Источен Ерусалим како главен град на суверена држава Палестина “, рече Бароу.