ПравдаСветСиндикат

ИТУК: Репресиите во Хонгконг се продлабочија – Време е да се делува!

ИТУК: Репресиите во Хонгконг се продлабочија - Работник
64views

После уште еден викенд ескалирање на полициското насилство во Хонгконг, од Меѓународната Конфедерација на синдикати – ИТУК било побарано да се мобилизира глобалното синдикално движење во солидарност со барањата на синдикатите за слобода на здружување и слобода на говор; пуштање на уапсените демонстранти и независна истрага за кршењето на човечките права од страна на полицијата.

Генералниот Секретар на Конфедерацијата на синдикати на Хонгконг, Ли Шеук Јан ја испрати оваа порака до ИТУК:

„Ние сме во многу критична ситуација. Бараме итна интервенција од меѓународната заедница за да ги осуди насилствата на полицијата и Владата на Хонгконг, како и да се сопре кршењто на основните човечки права и да се ослободат уапсените демонстранти. Владата треба да спроведе независна и кредибилна истрага за протестите кои започнаа од јуни, како прв чекор во осигурувањето на луѓето на Хонгконг дека Владата има волја да се справи со насилството од страна на полицијата и кршењето на човечките права“.

ХКЦТУ постави 5 барања: перманентно отфрлање на законот за екстрадиција; ослободување на уапсените демонстранти без обвинение; отфрлање на карактеризирањето на протестите од 12 јуни, како „нереди“ од страна на Владата; независна истрага на полициското насилство и злоупотребата на моќта и имплементација на меѓународните стандарди.

Нарушена била и слободата на медиумите: Федерацијата на новинари на Хонгконг наведе дека имале стотици жалби за употреба на полициска бруталност против нив, со цел да ја опструираат нивната работа.

Шаран Бароу, Генералениот Секретар на ИТУК рече: „ескалирањето на полициското насилство покажува дека Владара е надвор од контрола и е незаинтересирана да разговара со својот народ на хуман начин. Мора да се изврши меѓународен притисок за нападите врз луѓето во Хонгконг, меѓу кои се и синдикалците. Ги повикуваме синдикатите ширум светот да извршат притисоци на кинеските амбасади, а ние ќе соработуваме со глоблните синдикални федерации за да го притиснеме Хонгконг. Стоиме заедно со нашите браќа и сестри во Хонгконг, во барањето за ствање крај на полициското насилство“.