ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ИТУК: Стоп за пандемијата на работните места

ИТУК: Стоп за пандемијата на работните места - Работник
109views

28 април е Меѓународен ден за безбедност и здравје при работа. Ова е меѓународен ден за потстување на работниците кои ги изгубиле животите или биле повредени на работно место. Фокусот оваа година ќе биде пандимијата на Ковид – 19, велат од Меѓународната Конфедерација на синдикати – ИТУК.

Додека сите се погодени од кризата, работниците се на правата линија на фронтот. „Здравствените работници најмногу ги ризикуваат животите работејќи ја својата работа, да се погрижат за болните. Има луѓе коишто работат во домови за стари лица, луѓе кои се најранливата група од сите. Но, потребни ни се и транспортот, вработените во маркетите и овозможувачте на есенцијалните сервиси, за да се движи економијата. Луѓето треба да им се заблагодарат на овие работници поради тоа што ако не можат да купат храна, тогаш не можат да ги чуваат семејствата одржливи и здрави“, рече Шаран Бароу, генерален секретар на ИТУК.

Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа ќе биде одржан во знак на поддршка на овие храбри работници, како и во знак на оние кои се разболеле, починале или биле повредени на нивните работни места.