ПравдаСветСиндикат

ИТУК ја осудува наредбата на Трамп за атентатот врз Сулјемани

ИТУК ја осудува наредбата - Работник
98views

Непромислената наредба на Претседателот на САД, Доналд Трамп да се изврши анетат врз Касим Сулјемани, лидерот на Револуционерната гарда, претставува непосредна закана за светскиот мир. Иран одговори со тоа што објави дека ги повлече круцијалните делови од иранскиот нуклеарен договор и ќе се одмазди на САД.

Реакцијата во Иран го засили стисокот на режимот врз земјата и покрај тоа што Револуционерната гарда иницираше неодамнешна репресија на иранските граѓани кои учествуваа на масовни јавни протести што резултираа во убиства на стотици луѓе и уште стоици повредени.

Светската Конфедерација на синдикати  – ИТУК ја осудува употребата на беспилотни летала или какви било други средства наместо на преговори и дипломатија. САД и Иран ризикуваат да влезат во голем конфликт, што би имало сериозни последици и надвор од двете држави. Луѓето низ целиот свет се повеќе се очајуваат поради напади врз нивните права, негирање на пристојна работа, уништување на климатските промени и вооружени судири.

ИТУК ги повикува сите влади да повикаат на воздржаност и да извршат притисок за дијалог и преговори наместо вооружен конфликт, во интерес на мирот.