- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ИТУК: 200 милиони луѓе ќе останат без работа – милиони ќе бидат жртви на сиромаштијата

ИТУК: 200 милиони луѓе - Работник
423views

Како што пандемијата на Ковид – 19 се шри низ светот, го искусуваме најголемото фалбаџиство за солидарноста во човечката историја, истакнуваат од Светската Конфедерација на синдикати.

Според ИТУК, Најголемиот дел од светската популација е под карантин, со цел да се превенира рапидното ширење на вирусот во општествата и да се заштитат постарите луѓе, како и оние кои имаат здравствени проблеми. Економските и социјалните удари создадени од вирусот го потресоа живтотот како што го знаеме, ставајќи го на чекање, а најгломеиот товор во сето ова, го носат ниско платените работници. Фокусот на одговорот на пандемијата е токму на задржувањето на луѓето во карантин, ублажување и поддршка на здравствените работници кои се први на фронотот, а покрај нив се и работиници од други витални сектори. Со ширењето на вирусот насекаде во светот се води борба.

Advertisement

„На 1 мај ќе им салутираме на работниците во здравствениот, но и во сите други витални сектори, чија работа е да спасуваат животи и да овозможуваат витални производи и услуги“, велат од ИТУК.

Од таму истакнуваат дека десетици илјади  уѓе умреа, а уште многу ќе ги почувствуваат последните здравствени ефекти. Се предвидува дека 200 милиони работни места ќе се затворат, милиони се во ризик од враќање во сиромаштија, а големата нееднаквост која постоеше и пред корона кризата, ќе се продлаболчи, поради што многумина ќе бидат жртви на беда и глад.

Advertisement
Advertisement

Влијанието на крзата брутално ги откри недостатоците на моделот на глобализацијата кој, според ИТУК, бил наметнат на работниците. Системот за здравствена заштита, како што велат, е исцрпен од суровоста, а ерозијата на работничките права направи милиони на работници да бидат во сиромаштија. Жените, мигрантските работници, етничките малцинства и другите кои се соочуваат со дискриминација носат особено голем товар. Ова мора да се промени, велат од ИТУК.

Тие сметаат дека за да се надмине целата ситуација, потребно е да се покаже вистинска солидарост помеѓу владите, работодавачите и синдикатите. Сите држави треба да работат заедно за да се справат со панемијата на Ковид – 19 и да подготват за иднината. Од ИТУК ги поздравуваат оние влади коишто целосно се потпираат на социјалниот дијалог за да се справат со кризата и да ги осигураат платите и приходните поддршки на луѓето, но ги осудуваат оние влади кои одбиваат да соработуваат со синдикатите, на национално и меѓународно ниво, не ја прифаќаат реалноста на пандемијата или дозволуваат насилства и кршење на човековите правата на нивните луѓе. Тие подеднакво ги осудуваат и корпоративните предатори кои бараат профит во кризата.

„Бараме од комапниите да ги почитуваат работничите права и инсистираме владите да се погрижат за тоа. Ние ја реафирмираме нанашата посветеност за борбата против екстремната десница, капитализмот во време на криза и се бориме за тоа да се зачува демократијата и да се почитуваат човековите права“, велат од ИТУК

 

Advertisement