МакедонијаПравдаСиндикат

И административците се приклучуваат на протестот…

И административците се приклучуваат на протестот... - Работник
983views

Ниските плати, стоп за трансферот од јавен во приватен сектор и немањето на социјален дијалог се причините за приклучување на Синдикатот на администрација и државна управа на протестниот собир кој е во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, а ќе се одржи на 8 јуни пред Владата на РС Македонија.

„На 27 мај (понеделник) Претседателството на САДУ донесе едногласна одлука за приклучување на протестот во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, од причина што се чувствуваме загрозени околу остварувањето на нашите работнички права. Секако пред се со платите во јавниот сектор, затоа што станавме социјална категорија со социјални примања, заради реформите што се најавуваат во јавниот сектор и трансферот од јавен во приватен сектор, каде што многу наши вработени ќе останат без работа. Ние кажуваме стоп на таа иницијатива и остро ќе се спротивставиме со демократски и синдикални мерки коишто ни стојат на располагање и заради исплатата на К-15 во јавниот сектор којашто долго време се заговара, а никако да се одважи Владата да го направи првиот чекор.“, пишува на веб страната на САДУ.

Тие истакнаа и дека САДУ во изминатиот период реагираше на неколку недостоинствено донесени закони, пред се на законот за инспекциски надзор, на законот за спроведување на санкции и измените во законот за административни службеници, од причина што нашите барања не беа прифатени кои беа ветувани во изминатиот период, останаа на страна, така да со измените и носењето на новите закони, повторно се отвора можноста за манипулација на директорите со вработените во јавниот сектор, а тоа никако не може да носи кон добри реформи, од причина што еден од главните сегменти на реформите, било и каде да се спроведуваат е задоволен работник и попродуктивен работник.