- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

И во Србија компаниите им плаќаат на работниците да се вакцинираат

И во Србија компаниите - Работник
244views

После фирмата во Парачина во која работниците за вакцинирање против корона добиваат парична награда, и една фирма од Горни Милановац започнала со истата пракса. 

Менаџментот на компанијата „Фока“ која повеќе од 20 години се бави со производство на амбалажи, донела одлука да на работниците со потврда за вакцинација или ревакцинација им даде по 5,000 динари, пишува Блиц. 

„Со цел борба портив пандемијата од Ковид -19, раководството на компанијата донело Одлука да ги стимулира сите вработени кои ќе се вакцинираат со некоја од достапните вакцини во Република Србија. Сите вработени кои до 15.04.2021 година во кадровската служба донесат потврда за вакцинација или ревакцинација ќе бидат финансиски стимулирано со 5,000 динари“, се наведува во Одлуката на компанијата која ја објавила на Фејсбук страната „1 до пет милиони Горни Милановац“. 

Претходно комапнијата од Прачин „Љуба Инвест“ одлучила секој работник кој ќе се вакцинира против корона до 15 април, да го награди со 6,000 динари. Ова е тренд кој во светот се појавил пред околу два месеци и за кој се верувало дека нема да дојде во Србија. 

„Работниците до 40 години старост ќе добијат по 6,000, а преку 40 години по 4,000 динари“, стои во Одлуката на компанијата, со напомена дека „надоместокот го дава работодавачот“. Во одлуката стои дека работодавачот со оваа мерка сака да ги поттикне вработените доброволно да се вакцинираат, но ваквиот потег, признаваат многу менаџери во Србија, има и своја друга страна. 

Во одредени моменти компаниите поради работниците кои се на боледување ќе бидат потполно парализирани. Некаде паузирале и цели линии, во некои сектори значајно трпело договарањето на нови договори, а и голем дел од малите и средни компании, поради недостаток на кадри, ги прекинувале работните процеси. 

Денес, најголемиот број на компании тврдат дека имаат околу 50 % вакцинирани работници од вкупниот број на вработени и тоа е некој просек, генерално за големите системи во Србија, приватни или државни, пишува весникот. 

„И во такви околности, плаќањето на работниците да се вакцинираат не е неразумен потег. Факт е дека многу граѓани се на границата дали да се вакцинираат или не, а нив често пресуден фактор за одлуката ќе биде паричната награда. Вистина, не се тие некои пари во Србија, но факт е дека многу работодавачи го применуваат ова во светот“, велат од една српска компанија. 

Во светот се даваат награди и до 500 долари. 

Во светот компаниите се подготвени на работниците за вакцинирање да им дадат и до 500 долари за вакцинирање. Одредени компании аместо пари нудат поттикнување во вид на дополнителни слободни денови, ваучери или велнес програми за своите вработени. 

Еден голем трговски ланец, кој е познат и на гражаните во Србија, неодамна им понудил надоместок од 200 долари на сите вработени во САД кои се вакцинираат против Ковид – 19. 

Претходно слично потези направиле и компаниите, како Алди и Долар Џенерал, како и компамнијата за доставување на намирници Инстакарт.