И ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ СО МИЗЕРНИ ПРИМАЊА: Повеќе од една третина имаат пензија помала од 1.000 евра

Германското Министерство за труд пресмета дека повеќе од 2,7 милиони вредни жени се пензионираат со мизерни примања. Милиони жени во Германија кои работат со полно работно време и по 40 години стаж се пензионираат со пензија помала од илјада евра.

Тие работат со полно работно време, плаќаат придонеси за пензија со децении и конечно добиваат мини пензија, велат левичарските политичари кои побараа одговор од Федералното министерство за примањата на жените кои заминуваат во пензија.

Од вкупно 7,1 милион постојано вработени жени, 2,7 милиони или 38 отсто чекаат мала пензија.

За да добијат месечна пензија од 1.000 евра нето, вработените во моментов треба да заработуваат 2.844 евра бруто месечно за 40 години.

За да го остварат правото на пензија од 1.200 евра, на вработените им е потребна бруто месечна плата од 3.413 евра за 40 години, се наведува во одговорот на министерството.