ЕкономијаМакедонија

И граѓаните кои примаат плата се сиромашни

И граѓаните кои примаат плата се сиромашни - Работник
155views

Сиромаштијата која се пренесува од генерација на генерација е најдолгорочен проблеми на македонското општество. Невладиниот сектор смета дека потребно е на тие семејства да им се овозможи поголема активација на пазарот на труд. Овие луѓе не треба повеќе да се гледаат како бројки и статистика, туку како луѓе на кои треба да им се помогне, велат од граѓанските здруженија. Најмногу ги загрижува фактот дека сиромаштијата се продлабочува кај граѓани кои се во работен однос и земаат плата.

„Да се направи фактичка студија на случај, како тоа лице да се извлече од сиромаштија. Дали му е потребна активација, во смисла тоа е работоспособно лице и ми треба доквалификација за да може да влезе во работен процес. Или тоа е лице на кое треба да му се задоволат социјалните потреби, дали живее во супстандардни услови – дали има вода, храна, дали му е потребна финансиска стабилност за дури потоа во втора фаза да се активира“, рече Билјана Дуковска, претседателка на Македонската платформа против сиромаштија, објави АлсатМ.

Целосната објава погледнете ја тука