
Сопствениците на десетина ресторани и кафулиња во Чешка ги отвориле денеска локалите, и покрај забраната која властите ја вовеле поради спречување на ширењето на коронавирусот.
Протестот започнал вчера кога јавните кетеринг служби ја прекршиле забраната, пренесе Чешко радио.
Полицијата интеревенирала, барајќи веднаш да прекинат со работа и на сопствениците им се изречени казни од 765 евра, пренесува Тас с.
Акцијата на угостителите има за цел да го сврти вниманието на властите и јавноста кон угостителскиот сектор кој трпи големи загуби.
Кафулињата, рестораните, баровите и кантините се затворени речиси три месеци, а нивните загуби изнесуваат околу 16 милиони евра.
Сопствениците на ресторани имаат намера да регистрираат политичко движење, а своите објекти да ги прогласат за штабови каде ќе се собираат членовите на организациите, за да ги избегнат рестрикциите.