
Ниту еден медиум немаше на прес – конференциите на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура -СОНК.
Од блиски извори до двете организации дознаваме дека тие стапиле во контакт со неколку новинари кои им рекле дека воопшто не го добиле поканите. Од СОНК и КСС се сомневаат дека имало изврешно упад во електронската пошта.
Според нив ова претставува вршење на опстуркција на протестот, со цел да не биде информирана јавноста за протестот на КСС и нејзните грански синдикати. Тие истакнаа дека очигледно е дека некој се плаши од денешниот протест.
Прес- конференцјата на КСС беше закажана за во четвртокот во 11 часот, а на СОНК за во петок во 12 часот.
И покрај настанатите опструкции, КСС и СОНК се уверени дека протестот ќе биде масовен.