И покрај тоа што е болен од корона, секој десетти работник оди на работа

Работниците во Германија одат на работа и дури ако се заразени со корона, се тврди во една нова студија. Речиси секое десетто заразено лице оди на работа, а само 28 % од испитаниците не го напуштаат својот дом.

Речиси секое десетто лице кое е позитивно на корона вирусот, во случај на поблаги симптоми, оди на работа. 9 % од нив и понатаму одат на работа, 17 % – работат од дома, а 17 % седат дома се додека не им поминат најтешките симптоми, објавила медиумската групација Функе, цитирајќи ги резултатите од репрезентативната студија „Работа 2022“ која ја спровело здравственото осигурување Пронова БКК. Во рамките на истражувањето, во септември се испитани 1,200 вработени.

8 % од нив за заминувањето или недоаѓањето на работното место носат одлука во зависност од тоа каква е ситуцијата на работа: 33 % во случај на полесни симптоми остануваат дома се додека не оздрават, а 16 % од нив изјавиле дека досега не биле заразени со корона.

Повеќе на Дојче Веле