ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

И понатаму трае прекинот на работата во српска Пошта

И понатаму трае - Работник
64views

Прекинот на работата кој поштенските работници го започнале пред седум дена во повеќето градови во Србија не е организиран од страна на ниеден синдикат во тоа претпријатие, туку од самите вработени.

Претставниците на вработените во Поштата на Србија не ја прифатиле понудата на раководството на јавното претпријатие за зголемувањето на платите од 10 отсто, па прекинот на работата ќе биде продолжен, рекол денеска за Агенцијата Бета, Милија Тешиќ, еден од вработените кои го организирале прекинот на работата.

Тој рекол дека вчера на состанокот на работната група која расправа за ситуацијата во Поштата не е постигнат никаков договор и дека не очекува разговорите да продолжат.

Во работната група се и претставници на Владата на Србија, а на работниците на Пошта им била понудена вкупната заработка да им се зголеми за 10 отсто и да се најдат модели со кои што е можно повеќе да се зголеми платата на работниците со најмали примања.