ЕкономијаМакедонија

И стопанствениците реагираат: Одлуката на Регулаторна комисија е скандалозна, а уште поскандалозно е што владејачката партија не’ уверува дека имаме најниска цена во Европа

48views

Граѓаните на Македонија плаќаат втора најскапа струја во Европа, доколку се споредува цената на струјата со просечната месечна плата.  На овој графикон може да се видат податоците од анализите и истражувањата на светските агенции во сооднос на цени на електричната енергија и процент од средна плата.

Со овие податоци  паѓаат во вода изјавите на владините претставници, но и владејачката СДСМ, дека Македонија има најниска цена на струјата во цела Европа и затоа не треба да не загрижува покачувањето.

Имено вчера Регулаторната комисија за енергетика  донесе одлука со која цената на струјата се зголемува за 7, 4%. По ваквата одлука јавноста, односно граѓаните, експертите, аналитичарите,  жестоко реагираа на социјалните мрежи.

Одлуката на Регулаторна комисија да ја зголеми цената на струјата е скандалозна, а уште поскандалозно е тоа што владејачката партија не’ уверува дека сме глупи – демек имаме најниска цена во Европа.  За тоа дека имаме најниска цена во Европа, имаше одлични споредби и поенти дека треба да се споредува цената на струјата со просечната месечна плата. Така споредено излегува дека имаме меѓу најскапа струја во Европа. Образложението на Регулаторна комисија е скандалозно бидејќи се вели дека треба да се покријат загубите на фирмите што се во бизнисот со струјата. Браво мајстори. Од коронавирусот страдаат само фирмите во овој бизнис и сега треба сите ние како граѓани и фирми да ги покриваме!!!????, пишуваат стопанствениците на социјалните мрежи.

Извор: Лидер