МакедонијаСиндикат

И Тетово го одбележа денот на пожарникарите

И Тетово го одбележа денот на пожарникарите - Работник
315views

Денот на пожарникарите во Тетово се одбележа на две одвоени церемонии. Најпрвин градоначалничката на Тетово Теута Арифи како знак на благодарноста по заслуга им додели благодарници на пожарникари и донатори, откако таа замина, независниот синдикат на пожарникарите на ист начин го одбележа денот. Оттаму велат дека Арифи била таа која не сака заедничко одбележување, затоа што била повикана да остане додека ги доделат благодарниците.

Од Синдикатот, велат дека ова не прв пат Арифи и Општина Тетово да покажат игнорантски однос кон нив. Во неколку наврати побарале решавање на нивните проблеми како исплата на плати за дополнителна работа но и услови за работа, известува телевизијата Телма.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк