ЕкономијаСветСветот на работникот

И Црна Гора ќе им даде бонуси на здравствените работници

И Црна Гора - Работник
116views

Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ објавил дека од буџетот на државата ќе се издвојат 500,000 евра повеќе за мартовските плати за здравствените работници.

„Донесовме одлука вработените во здравството кои се наоѓале во процесот на работа од почетокот на ширењето на корона вирусот, да се наградат со додаток на платите до 15 процнети“, соопштил Претседателот на црногорската Влада.

Марковиќ рекол и дека Владата одлучила на вработените во здравството да не се применуваат мерките за ограничување, туку секоја додатна работа на здравствените работници да им се плати.

„Ќе издвоиме веднаш најмалку пола милион евра за нашите доктори и здравствени работници“, рекол тој.