ЕкономијаСветСветот на работникот

И Continental во проблеми – 30.000 работници може да останат без работа

75views

Кој кажа дека само производителите на автомобили се во проблеми? Continental е на чекор да отпушти дури 30 илјади работници поради кризата.

Оваа мултинационална компанија која е со седиште во Хановер, Германија, е еден од најголемите добавувачи на делови за автомобилската индустрија. Поради кризата предизвикана од коронавирусот, но и претходните планови за намалување на трошоците е пред тешка одлука.

Околу 30.000 работници ширум светот би можеле да ја напуштат компанијата во која сега работат нешто над 244.000 работници. Со тоа треба да се постигне целта за заштеда на една милијарда евра.

Конечната одлука ќе биде донесена до крајот на годината и ќе зависи од понатамошниот развој на кризата. Сепак доколку не се подобри ситуацијата, и покрај тоа што се бунат од синдикатот, компаниајта е решителна на овој непопуларен потег со цел исполнување на целите поставени за 2023 година.