СветСветот на работникотСиндикат

Кабинскиот персонал на „Луфтханза“ ќе влезе во 48 часовен штрајк

Кабинскиот персонал - Работник
154views

Патниците од Германија ќе се соочат со запирање на летовите подоцна оваа недела, поради најавениот 48 часовен штрајк од страна на синдикатот на кабинскиот персонал на Луфтханза. Подружниците на авиокомпанијата, Еуровингс и Санексперес се очекува да бидат зафатени од штрајкот.

Вчера германскиот синдикат го повика кабинскиот персонал на Луфтханза да влезе во штрајк во четврток и петок поради барањата за зголемување  на плати и подобрување на работните услови кои досега не им се исполнети.

„Штрајковите ќе влијаат на сите летови на Луфтханза кои ќе полетуваат од аеродромите во Германија“, рече заменикот претседател на синдикатот на кабинскиот персонал УФО, Даниел Флхор, обвинувајќи ја Луфтханза за одбивање да преговара со нив.