- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Казината и автомат-клубовите работат според специфични протоколи

181views

При организирањето на игри на среќа во автомат клубовите бројот на лица е ограничен, односно најмногу едно лице може да биде присутно на пет квардратни метри, а на влез задолжително треба да има редарска служба која ќе врши дезинфекција на раце на сите лица кои влегуваат во објектот, контрола на заштитна опрема (заштитни маски). Заштитната опрема е задолжителна при влегување и движење низ објектот. Во објектот е задолжително одржување дистанца од најмалку 1,5 метар, а во случај на помало растојание задолжително треба да се користат пластични, стаклени или слични прегради, паравани и слично.

Слични услови има и за организирање на игри на среќа во казина, со тоа што редарската служба треба да врши контролирано пропуштање на лица во објектот со запазување дистанца од најмалку два метра до казино рецепцијата. Воедно позициите за регистрација на посетители мора да бидат одвоени најмалку два метра една помеѓу друга. Присуството на лица на касите низ објектот е со одржување дистанца од два метра растојание.

Advertisement

За играње на апарати на среќа (АИС) доколку гостите седат на играчкото место на АИС и притоа е запазено минималното растојание или играчкото место е обезбедено со пластични, стаклени или слични прегради тогаш носењето заштитна опрема е задолжително за време на играта. Доколку гостите седат на играчкото место на АИС со повеќе играчки места (електронски рулет) и притоа е запазено минималното растојание или играчкото место е обезбедено со пластични, стаклени или слични прегради тогаш носењето на заштитна опрема е задолжително за време на играта.

За играње на масите за жива игра предвидено е играта Американски Рулет да се одвива со најмногу три играчи при што носењето заштитна опрема е задолжително. Играта на маса за жива игра Блек Џек, Карабиан Покер, Ултимејт Тексас Покер и други казино игри кои се играат на маси со седум играчки места, се одвива со најмногу три играчи при што носењето на заштитна опрема е задолжително.

Advertisement

Игра на маса за жива игра Тексас Холдем Покер се одвива преку едно играчко место со најмногу пет играчи при што носењето на заштитна опрема е задолжително.

Извор: Лидер

Advertisement