ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Казнет поради вишокот на стаж и недостатокот на години – 20 % помала пензија

Казнет поради вишокот на стаж - Работник
75views

За да не го исфрлат од претпријатието без ништо, Предраг Благојевиќ од Течиќ (село во Централна Србија) пред две години на 58 годишна возраст излегол во пензија.

Во работната книшка забележил дури 40 години работен стаж, а на пензискиот чек само 114 евра! Според неговата пресметка, пензијата му е намалена целосни 20 отсто, што е 29 евра на месечно ниво. Работното место морал да го напушти бидејќи имал завршено само основно училиште и се плашел од отказ, пишуваат Вечерни новости.

Благојевиќ е бесен на државата и новите прописи кои во ист ранг го ставиле со неговиот роднина кој со само 17 години работен стаж и 65 години старост ја зема истата пензија.

„Значи, јас сум казнет затоа што почнав порано да работам. Како што ќе бидат казнети и градежниците, топилничарите во ливниците и рударите кои копаат јаглен 300 метри под земјата“, огорчено рекол Благојевиќ.

Примерот на Предраг Благојевиќ, за жал не е единствен. Илјадници работници во Србиија денеска со работен стаж од четири децении имаат мали пензии и плаќаат казнени поени. Неколку пати е покрената иницијатва за промена на членот 70 од Законот за ПИО, но се останато е само ветувања.

Сојузот на самостојни синдикати предложил пеналите да останат додека пензионерот не наполни 65 години, а потоа да му се исплаќа целата пензија. И покрај многубројните ветувања се останало само на хартија.

Оправдувањата кои стигнуваат од Министерството за труд е дека животниот век во Србија е продолжен и дека буџететот не може тоа да го издржи. Од Сојузот на Самостојни синдикати велат дека одредбата е некоректна, особено за голем број на луѓе чии компании пропаднале, па новите прописи ги принудиле предвремено да се пензионираат. Бројот на оние кои се одлучиле на овој чекор по донесувањето на законот е значајно помал, велат од синдикатот.