ПравдаСветСветот на работникот

Казнет H&M поради шпионирање на неговите вработени во Германија

H&M - Работник
86views

Шведскиот моден ланец H&M е казнет во Германија со 35 милиони евра поради шпионирање на вработените. 

Германскиот заштитник на граѓаните го казнил H&M со 35,3 милиони евра поради прибирање на податоци за приватниот живот на вработените. 

Со надзорот се таргетирани неколку стотици вработени кои работат во сервисниот центар во баварскиот град Нирнберг, се вели во изјавата на хамбуршката Комисија за заштита на податоци и слобода на информирање. 

Од 2014 година, менаџментот на H&M во Нирнберг прибрал „голема количина на податоци за приватните животни околности“ на вработените, вклучувајќи ги и здравствените дијагнози, семејни проблеми и религиски верувања, пренесува Индекс. 

Деталите биле често снимани и дигитално сокриени во системот и биле „достапни за уште 50 други менаџери во компаниите“, пренесува Танјуг. 

H&M објавил дека „инцидентот ја открил праксата за обработување на приватните податоци кои не биле во согласност со упаствата и инструкциите на H&M“. 

Компанијата во соопштение се извинила и најавила дека ќе ја анализира одлуката на хамбуршкиот заштитник на граѓаните.