ЕкономијаМакедонија

Казни за работодавачите кои нема да исплатат К-15 – колку пари треба да им легнат на сметка на вработените?

Казни за работодавачите - Работник
180views

Регресот за годишен одмор попознат как К-15 и оваа година е задолжителен.

Минимум 9,610 денари треба да легнат на сметката на вработените до крајот на декември оваа 2019 година.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.