- Advertisement -
МакедонијаСиндикат

Каква одлука ќе донесе СОНК – Понуда или штрајк? (Видео)

Каква одлука ќе донесе СОНК - Понуда или штрајк? - Работник
482views

На денешната 21 седница Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК ќе одлучи дали ќе ја прифати понудата на Владата за зголемување на платите за 10 проценти од април 2020 година, или пак ќе избере генерален штрајк.

СОНК ги доби списоците со изјаснувањата на членовите и истите ќе бидат критериум по којшто Советот ќе донесе одлука за тоа што понатаму.

Advertisement

Имено, на минатиот Совет на СОНК, Министерот за образование и наука се обиде да ги убеди синдикалците да го прифатат тој предлог, а тие се согласија, но под услов зголемувањето да започне од јануари 2020 година.

Доколку се избере генерален штрајк, прво следува постапка за помирување која трае 15 дена и во која постои можност страните да се договорат.  А, доколку тие не се спогодат во рок од овие 15 дена, за предлогот на работодавачот, синдикатот или работодавачот можат во рок од наредните 15 дена да побараат арбитражна постапка.

Advertisement
Advertisement

 

Advertisement