НовостиСветСветот на работникот

Како во Виена откриваат таленти? Феноменална програма за осмоодделенци

   Време за читање 2 минути

Информативниот центар за професионална ориентација на виенската Стопанска комора и виенската Дирекција за образование оваа година, по десетти пат по ред, го спроведува проектот „Проверка на талентите“ (Talente Check).

Од училишната 2013/14 година, овој тест досега го поминале 115,000 виенски ученици.

Што е „Talente Check“?

Во прашање е онлајн тест кој им овозозможува на осмоодделенците во Виена да ги тестираат своите вештини во разни области. Тестот се спроведува директно во училиштата на компјутерите.

По учеството, учениците добиваат личен извештај кој пружа важна ориентација за идната кариера и ги одговара следните клучни прашања:

  • Каде лежат личните квалитети и слабости?
  • Што бара економијата од младите, на пример, во процесот на аплицирање за приправник?
  • Како изгледаат селекционите тестови во пракса?

Тестирањето трае околу еден час и опфаќа задачи од различни области, вклучувајќи математика, германски јазик, логика, концентрација и набљудување, основно техничко разбирање, организациони способности, како и општо образование во областите на економијата и финансиите.

Во оваа учебна година, учениците имаат прилика да учествуваат на проектот „проверка на талентот“ од 10 октомври 2023 до 29 мај 2024 година. Се напоменува дека Информативниот центар за професионална ориентација на виенската Стопанска комора (BiWi) нуди разни, професионални информации за занимањата и образованието за сите старосни и целни групи, на пример, низ разговори за професионална ориентација, анализа на потенцијалот, работилници за деца, информативни настани, информативни брошури.

„Покрај испитувањето на личните интересирања, познавањето на сопствените способности и таленти е најважен предуслов за успешен избор на занимањето или образованието. Тоа е посебно важно за учениците од осмо одделение, бидејќи стојат пред клучни одлуки за својата идна кариера. Благодарение на соработката со Градската дирекција за образование, веќе десет години го нудиме овој вид на проверка на сите виенски училишта бесплатно“, истакнал претседателот на Стопанската комора на Виена, Валтер Рук.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Freepik