Економија

Како да бидете добар директор?

Како да бидете добар директор? - Работник
193views

Веб-страницата „Glassdor“, којa им овозможува на вработените преку нивната платформа анонимно да ја оценат компанијата во која тие работат, спроведе студија според факторите за кои вработени сметаат дека е најважниот предуслов за еден да се биде успешен извршен директор – Главен извршен директор. Истражувањето беше спроведено во пет земји: САД, Велика Британија, Канада, Франција и Германија.

За студијата „Glassdor“ ја искористи својата база за оценка на директорите, која ја комбинираше со шест фактори: културата и вредностите на компанијата, изборот на топ-менаџментот, надоместот и бенефициите, кариерата, позитивните изгледи за работење и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот.

И покрај различните бизнис култури во овие пет земји, изборот на највисокото раководство беше главен фактор во оценувањето, проследено со позитивна бизнис перспектива и култура и вредности на компанијата. Кога една компанија има поволна финансиска состојба и кога компанијата ги поттикнува јасните вредности, тогаш вработените го оценуваат нивниот извршен директор со повисок рејтинг, пишува Слободен Печат.

Целосниот текст можете да го прочитате тука