Како да изградите сопствен бренд, без разлика каде работите?
- Вештачката интелигенција и иднината на работните места: Меч со две острици - 18/09/2024
- Овој град дава 900 евра за да се преселите во него - 16/09/2024
- Да ги задржиме оние кои ни останаа! - 14/09/2024
Подготвил: Бобан Илијевски
Секој работоспособен човек, без разлика дали е вработен или не, важно е да изгради сопствен бренд. Ова е процес на кој треба да му се пристапи пополека и да се негува секојдневно. Работеле за себе или за некој друг, постојат неколку добри начини како да го изградите личниот бренд, без оглед на тоа каде работите.
1. Вклучете се во професионални групи
Ова треба да го правите онлјан и во живо. Понудете се да бидете претставник од компанијата на блиските деловни настани, а доколку сте самите сопственик на бизнисот, вклучете го во неколку networking групи.
Зачленете се во групите поврзани со вашата струка преку социјалните мрежи и други веб страни. Многу е важно да се учи од другите стручњаци и притоа да се подобруваат сопствените вештини и односите со луѓето во индустријата.
2. Максимално искористете ги деловните конференции
Некои вработени на деловните конференции гледаат како на задачи, и тоа досадни. Меѓутоа, таквите настани се жариште за создавање на деловни контакти, за учење и шанси за напредување.
Одвоите време вистински да ги запознаете луѓето на конференциите и пронајдете начин да го проширите личниот бренд додека сте таму.
На кое друго место би можеле да најдете толку многу истомисленици од вашата струка, и тоа во исто време?
На конференциите гледајте како на прилика да заминете од работното место на неколку часа или денови. Искористете ги сите поволности кои ви ги носат.
3. Започнете блог
Океј, нема премногу смисла да отворате блог ако работите како хирург во болница, но во одредени струки тоа може да биде одличен потег.
Ако сте сопственик на помал бизнис, блогот може да ви биде од голема корист. Редовното пишување на блогот ќе ви помогне на следните начини:
- ќе станете стручен/на во полето во кое пишувате и
- ќе добиете препознатливост (лице и глас), што секако е примамливо за потенцијалните клиенти и вработени.
4. Носете визит картички
Многумина ќе речат дека визитките се застарени, но токму тоа ги прави да бидат шармантни.
Физичкото парче хартија со вашите контакт информации е полично до давањето на мејлот или телефонскиот број.
Ако некој ви даде визит картичка, испратете им меил во следните неколку дена и ставете ја настрана за во иднина.
5. Однесувајте се професионално на интернет
Постојат повеќе случаи во кои вработените добиле отказ поради непримерни објави на интернет. Секако, тоа се екстремите, но треба да бидете свесни дека секој ваш потег на интернет се забележува.
Размислете пред да започнете да зборувате нешто негативно, контроверзно, политички обоено или грубо на вашите профили. Дали содржината може да го наруши вашиот иден успех или пак сигурноста на вашата моментална работа? Ако одговорот е да, прескокнете ја објавата и држете се до неутралните работи, како на пример уметноста.
6. Читајте, коментирајте и споделувајте го трудот на другите
Преку социјалните мрежи следете ги стручњаците од вашето подрачје кое го цените и активно поддржувајте го нивниот труд. Тоа може да биде преку лајк или коментар на Фејсбук, ретвитнување или споделување на линковите на своите профили.
Ова понекогаш можете и да го автоматизирате.
Со читањето на трудовите на другите ќе останете инфромирани. Преку комуницирање со нив ќе постигнете и репутација.
7. Волонтирајте
Многу е чесно да ѝ се одолжите на заедницата со волонтерска работа, а освен тоа, волонтирањето ви користи уште на мал милион начини.
Немојте да се ограничувате само на вашата струка. Барајте било каква прилика за волонтирање која е во согласност со вашите лични вредности.
8. Разговарајте со странци
Дали сте знаеле дека Американците колективно поминуваат 37 милијарди часа годишно чекајќи во ред?
Значи, ги поминуваме часовите од нашиот живот чекајќи во ред. Зошто да не го искористиме тоа време за разговор со лицето до нас? Научете што можете повеќе за луѓето. Никогаш не знаете дали ним ќе им требаат вашите деловни услуги или производи.
Дури и да не склопите деловна спогодба, запознавањето со други луѓе ви го збогатува духот и низ комуникацијата подобро го запознавате светот.
9. Објавувајте ги најважните работи поврзани со вашата работа
Иако вашите пријатели и семејство не сакаат постојано да гледаат реклами за вашиот бизнис на њус фидот, во ред е понекогаш да се споменуваат.
Таквите објави сочувајте ги за времињата кога во вашата струка се случуваат важни, интересни работи, на пример кога лансирате нов производ или добиете награда на некој саем. Повремено линкувајте го и сопствениот блог и други страни во кои учествувате професионално.
И покрај тоа што не сакате познаниците да ги замарате со вашата работа, важно е да им дадете до знаење со што се бавите и повремено да ги потсетувате колку сте добри во тоа.
10. Ширете позитивност!
Ако на луѓето постојано им оставате негативен впечаток; ако постојано зборувате за тоа дека ја мразите работата, кариерата, дека ви оди лошо и слично, тие ќе ве избегнуваат.
Бидете позитивни и професионални, лице со кое другите би сакале да работат и карерата ќе ви цвета.
Исто така е важно да не дозволите да ве надвладее комфорноста. Немојте да се задоволувате со моменталната позиција, продолжете да го градите своето име во струката и постепено подигајте го личнио бренд.
Било да се стремите кон унапредување или поголема видливост на вашиот бизнис, секојдневната позитивност ќе ви помогне да се промовирате, краткорочно и долгорочно. Сега знаете како да го изградите личниот бренд – потребна е само секојдневна работа.
Извор: business.com/ stratego.hr