Наука

Како да се носиме со осаменоста во ек на социјална изолација?

Како да се носиме - Работник
354views

Со се поголемиот број на луѓе кои поради ширењето на корона вирусот се присилени на карантин, самоизолација и социјално дистанцирање, расте ризикот од уште една закана по јавното здравје – од осаменоста.

И додека на научниците сеуште не им е јасно како функционира корона вирусот, веќе долго време знаат дека социјалната изолираност и осамноста земаат здравствен данок, пишува ScienceAlert.

Кај лицата кои не се чувствуваат поврзано со останатите луѓе може да се развијат депресија, срцеви болести, когнитивните функции им стануваат слаби, а може и да им се намали животниот век. Долгорочниот ефект врз здравјето е сличен како тој од пушењето или дебелината.

Американската студија од јануари оваа година покажала дека 79 проценти на припадниците на „генерацијата З“, 71 процент на милениумците и 50 проценти на „бејби бумерите“ (родени од крајот на Втората светска војна до 60 – тие години) се чувствуваат осамено. Дури и без корона вирусот кој моментално не раздвојува, се чини дека поголемиот дел на населението пати од здравствени проблеми поврзани со социјална изолираност.

И покрај тоа што изолацијата е исправен одговор на актуелната пандемија, потребен ни е спротивен одговор на епидемијата на осаменост.

Па, како тогаш да се култивира социјалната благосостојба и да се избегне заразата?

Користење на технологијата

Очигледен одговор е уредот на кој ја читате оваа статија. Луѓето често ја обвинуваат технологијата за ширење на осаменоста, истакнувајќи дека поминуваме премногу време на социјалните мрежи наместо да се дружиме лично.

Но, неодамна спроведеното истражување на експерти од Харвард покажува понијансирана слика: поважно е како ги користите социјалните мрежи отколку колку ги користите.

Без оглед на тоа дали сте во карантин, работите од дома или едноставно сте внимателни, сега е совршено време за вежбање на користењето на технологијата на социјално здрав начин.

Еве неколку совети како да се поврзете без директен контакт:

Лице во лице на далечина: Доколку веќе нема личен контакт, другата најдобра работа е видео разговор, бидејќи така се гледаат изразите на лицата, говорот на телото и останатата невербална комуникација важна за поврзување.

Љубезност за минута: Добивањето на бројни лајкови на вашата објава на социјалните мрежи може да биде како инекција од допимин, но примањето на директна или електорнска порака со искрен комплимент или благодарност е полично и предизвикува долготрајно добро чувство. Притоа одзема многу малку време. Испратете било кој љубезен збор, бидејќи во вакви времиња на сите нам ни е потребно малку повеќе љубезност.

Продлаболчување на односите

Негувајте ја својата заедница: Темелот на секоја врска е нешто заедничко. Што и да ве интересира, на интерент некаде постои заедница која ги дели вашите интереси. Поврзете се, искористете ја мрежата да се вклучите во работи кои ве интересираат.

Продлабочете го или проширете го односот: Во основа постојат два начини за преовладување на осаменоста, негување на постоечките врски или создавање на нови. Искористете ја приликата и продлабочете го односот со некој кој го познавате или обидете се да стапите во контакт со некој кого сакате да го запознаете.

Искористете ги социјалните платформи: Има се повеќе апликации и социјални платформи кои се создадени за тоа да ни помогнат во оптимизирање на интерентските интеракции со оние кои ни се драги.

Ширењето на корона вирусот не потсетува дека човечките врски можат да шират болести. Но, исто можат и да промовираат просперитет.

Оваа прилика треба да се искористи за да се запознае важноста на меѓучовечките односи за нашето здравје и предностите на социјалните мрежи да се искористат за наше добро.