Како да се препознае синдромот на согорување и кој е најзагрозен?
Синдромот на согорување на работно место или burnout синдромот е состојба на емоционална, ментална и физичка исцрпеност предизвикана од претеран и долготраен стрес, а како што велат од ЈЗУ „Здравствен Дом“ – Бања Лука, на овој синдром најмногу се изложени вработените во здравството.
Младен Голиќ, психолог во Центарот за заштита на менталното здравје во Здравствениот Дом, објаснил дека синдромот на согорување се случува кога се чувствувате преоптоварено и не можете да ги задоволите постојаните барања.
– Како што продолжува стресот, вие почнувате да губите интерес или мотивација која ве довела на одредена улога во вашата работа. Бурноутот ја намалува продуктивноста и ја исцрпува енергијата, оставајќи ви чувство на немоќ, безнадежност, циничност и огорченост. На крајот можете да се чувствувате како да немате ништо да понудите. Многумина понекогаш чувствуваат досада, преоптовареност или непризнаеност, но ако така се чувствувате поголемиот дел од времето тоа може да биде предупредување, бидејќи води кон согорување – објаснил тој.
Овој синдром, додал тој, се манифестира кај лицата како чувство на губење контрола, губење смисла, чувство на неспособност, заборавање, отпорност на предлози, чувство на заробеност, тешкотии при концентрирање, досада, чувство дека работата не се вклопува во личните вредности, губење на смисла за хумор, негирање, изолација, тага, загриженост, фрустрација и друго.
– Здравиот начин на живот, односно мерките за подобрување на здравјето доведуваат до зголемување на отпорноста на стресот. Составен дел на доброто психичко здравје се животната радост и доброто расположение, на кое поволно влијаат добрите односи во семејството, работното место, во училиште и во слободното време – рекол тој.
Како што истакнал Голиќ, истражувањата покажуваат дека на синдромот на согорување особено се изложени лицата кои се бават со помагателски занимања кои изискуваат грижа за другите.
– Најзагрозени се вработените во здравство: докторите, медицинските сестри и техничари, психолозите, социјалните работници и други – истакнал тој.
Појаснил дека за да се работи на превенција на согорувањето потребно е да се избегнува прекумерно работење и претерано оптеретување на работа.
– Да не работите повеќе од 40 часа неделно, да практикувате одмор во текот на викендот, а не работа од дома, да практикувате паузи за време на работата за накратко да прошетате, да се растегнете или да поразговарате со другите – рекол тој и додал дека важно е активностите на работа да се извршуваат свесно и чесно, но не и пресвесно и со претерана грижа, нереалистично и со претерано чувство на лична одговорност.
– Исто така, од големо значење е и зајакнувањето на емоционалната писменост. Пронаоѓање на актвности кои ни причинуваат задоволство, хобија и практикување на истите на дневно ниво. Зајакнување на социјалните врски, социјалната поддршка и мрежата на пријатели вон работа со цел остварување на исполнувачките и содржинските комуникации. Исто така, важно е и зајакнувањето на семејните односи, како и зајакнувањето на самодовербата и вреднувањето. Учењето на вештини со постигнување на релаксација преку техники на дишење, медитација, прогресивна муслулна релаксација – рекол докторот.
Доколку ништо од ова не доведе до резултат, тој советува дека можеби е време да го промените работното место.
Извор: Nezavisne
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025