Како да ја зајакнеш самодовербата откако ти било кажано дека не си доволно добар во работата?
Како да ја зајакнеш самодовербата откако ти било кажано дека не си доволно добар во работата?
Дел од мотивацијата за работа несомнено доаѓа со признание за добро завршена работа. Но, сите сме се нашле во ситуација понекогаш да изостане таквото признание, а понекогаш и во непријатна ситуација- да бидеме опоменати дека работата не е завршена добро. Како да продолжиме понатаму? Доколку сте по природа оптимистични и ектровертни личности, веројатно ваква ситуација нема значително да ве обесхрабри, односно светогледот кон посветлата страна ќе ви помогне да најдете мотивација за да бидете пофалени на следниот проект. Но за интровертните и срамежливите луѓе, ваклвата опомена може да биде особено тешка. Ако сте од втората група на луѓе, или во секој случај опомената за недоволно добро завршена работа ве обесхрабрила, што можете да напраите?
1. Разговарајте со претпоставениот за да не се најдете во иста ситуација следниот пат. АКо треба побарајте поддршка или менторство.
2. Разговарајте со некој близок кој ќе ве сослуша (и веројатно ќе во даде охрабрување).
3. Прифатете ја ситуацијата и сфатете ја како можност да се подобрите. Од ваш аспект согледајте што тргнало лошо, па следниот пат нема да ја повторите грешката.
4. Потсетете се на сите ваши претходни успеси и согледајте колку навистина добар работник сте.
5. Вложете повеќе труд во наредните проекти.
6. Запомнете, вашата работа не ве дефинира кој сте, ниту смее да влијае на вашиот приватен живот.
Тимот на Јуридика