Наука

Како знаат научниците колкава била температурата на Земјата пред 800,000 години

Делфини - Работник
100views

Минатата година беше меѓу најтоплите години откако се вршат мерења. Поточно, од неа потопла беше само 2016 година. Веќе цела деценија податоците за тоа која година била најтопла даваат причини за загриженост бидејќи лесно може да се уочи дека постои тренд на повеќедецениско загревање на планетата. Меѓутоа, секогаш е важно да се напомене дека овие рекорди важат само кога ќе се земат предвид податоците откако се вршат мерењата. Што точно значи оваа одредница?

Денес е можно да се измери температурата на кој било крај од светот со помош на прецизни термометри кои често се наоѓаат на бродовите и метеоролошките станици, па со тоа е релативно лесно да се пресмета и глобалниот просек, а потоа да се следи дали тој просек се менува. Меѓутоа, како што со текот на времето се менуваа технолошките можности, така и старите зачувани податоци се разликуваат по тоа колку може да се употребат во носењето заклучоци за климата во минатото.

Повеќе прочитајте на факулети.мк