Како изгледа интервјуто за работа со аватар? „Никој не ме осудува, можам да се изразам како треба“

Светот забрзано се менува стремејќи се кон дигитална трансформација. Овој тренд се чувствува и во одделите за човечки ресурси насекаде низ светот. 

Можеби тие промени ќе бидат добра вест за милиони вработени. Имено, за некои интервјуто за работа претставува шанса да забелскаат, додека за некои – ноќна мора.

Во секој случај, процедурата е секогаш иста. Стигнувате во работната просторија на компанијата, зборувате во живо со регрутерите/менаџерите, евентуално пополнувате некои прашалници, одговарате на бројни прашања (често двосмислени), а потоа со надеж или разочарување заминувате дома.

Во текот на пандемијата, интервјуата се правеле онлајн, преку ЗУМ, но тоа не ги правело работите да бидат подобри.

Сепак, благодарение на напредокот во технологијата на вештачката интелегенција и виртуелната реалност, наскоро можеби ќе биде интервјуирани за работа која навистина ја сакате – не со посредство на човек, туку компјутер, пишува BBC.

Претходно оваа година, студенти на колеџот Сандвел ставиле VR слушалки за да ги тестираат измислените интервјуа. Нивните аватари – 3Д прикази од нив самите – ги испитувал друг аватар кој зборува, а претставува софтверски систем на вештачка интелегенција.

Еден студент рекол: „Никогаш претходно во животот сум немал интервју за работа. Но, бидејќи во оваа прилика никој не ме осудуваше и се беше мрежно, можев да се изразам како што сакам“. 

Значи, стравот е дефинитивно една од клучните кочници за кандидатите кои сакаат одредена работа и можеби ваквиот начин на интервјуа би можел да ги претстави во вистинско светло.

Од друга страна, VR интервјуата не значат дека е се идеално. На крајот на процесот, вашиот VR соговорник ви кажува каде сте погрешиле, а што сте рекле или направиле добро. Сепак, тоа треба да се сфати како конструктивна критика која ќе ви помогне да бидете поуспешни на наредното интервју.

Систем против предрасуди

Идејата е луѓето, по пат на стимулирани интервјуа, да го вежбаат своето претставување пред регрутерите. Исто така, целта е оваа напредна технологија да ги изедначи условите за сите кандидати, особено за тие коишто не можат да толку добро да се снајдат, а сакаат да имаат шанса да се вработат на добро место.

Работите како комуникацијата, емпатијата и лидерството се тајните на успехот (во интервјуата), но како можете да ги вежбате? Ако сте богати, можете да ангажирате тренер. Инаку, имате е-учење (како што е гледање на видео снимки на таа тема), но тоа не функционира бидејќи ви недостига пракса – рекол Кристоф Малет, извршен директор на компанијата Бодисвапс во Лондон, чиј VR систем го користеле студентите. 

Бодисвапс минатата година ги започнал своите симулации на интервјуа и вели дека во главно е насочен кон училиштата, факултетите и универзитетите, така што нивните ученици можат да вежбаат пред да влезат на пазарот на труд. Деловниот модел на компанијата е базиран на претплата, при што износот кој институцијата мора да го плати секоја година зависи од тоа колку луѓе го користат системот.

А додека Бодисвапс моментално е фокусиран на фејк интервјуата за работа, технологијата на вештачка интелегенција на шведската компанија Тенгаи веќе им овозможува на компаниите во реалниот свет да добијат компјутер за правење на почетни интервјуа за работа.

Извршната директорка на таа компанија, Елин Оберг Мортензон, вели дека главната цел на софтверот е да се избегнат погрешните претпоставки, како што е осодувањето на некој кандидат на сметка на тоа како изгледа.

Сакавме да создадеме ситуација во која би можеле да ги гледате објективно податоците преку поставување на некој вид на филтер помеѓу кандидатот и регрутерот. Тој филтер би требало да ја ублажи пристрасноста во процесот – вели таа. 

Фото: Shutterstock