Занимливости

Како настанува огнометот?

Како настанува огнометот? - Работник
106views

Огнометот се дефинира како слабо експлозивна пиротехничка направа која примарно се користи за естетски и забавни намени.

Огнометите се користат за разни настани, од венчавки, преку отворање на манифестации и фестивали, а неодминливи се и за Нова година. Знаете ли како настануваат?

Иако самиот назив сугерира, огнометите всушност немаат врска со огнот. Се работи за контролирана експлозија на енергија низ топлина, светло и звук, предизвикана со хемиски реакции.

Ова можеби звучи комплицирано, но всушност не е. Огнометот се состои од црн барут кој е замотан во харитен контејнер. Кога ќе се запали, доаѓа до хемиска реакција, а тоа доведува до настанување на експлозија на небото. Самиот облик на огнометот зависи од тоа како ќе се направат супстанците во самиот барут. Од тоа зависи и бојата на огнометот.

Секоја ракета на себе има фитиљ кој гори отприлика 3 секунди, потоа млазница од која се испуштаат издувните гасови кои ја тераат ракетата да полета. Ракетите се распукуваат на висина од 50 до 150 метри и тоа зависи од големината на полнењето. Фитиљот од ракетата отпаѓа, а лансирањето сеуште се врши во насока спротивна од положбата на публиката и притоа сткриктно се води сметка за насоката и силината на ветерот. Дозволената брзина на ветерот е до 5 метри во секунда, се преку тоа создава големи проблеми.