ЗанимливостиСветот на работникот

Како на разговор за работа да го одговорите прашањето за платата

Како на разговор - Работник
259views

Кога на разговор за работа ќе ве прашааат „Каква плата очекувате?“, знајте дека вашиот одговор е почетокот на преговорите за плата за таа работа.

Некои експерти сугерираат дека ова деликатно прашање треба да го избегнете и едноставно да го прескокнете, а некои дека во ред е да се даде распон „од – до“, со кој сметате дека ќе бидете задоволни.

„Она што компанијата каде што се сте отишле на разговор навистина се обидува да го открие со тоа прашање е дали сте во исиот ценовен ранг како и тие“, вели Кејт Диксон, тренер за преговори за плата и советничка за додатоци на плата.

Некогаш не е легално да се прашува за платата која сте ја земале на претходното работно место, па тоа е еден од начините како од идните вработени да се дознаат нивните очекувања.

Што и да направите, бидете подготвени да одговорите на ова вообичаено прашање.

„Веројатно два пати ќе ве прашаат за вашите очекувања. Првото прашање често го поставуваат веднаш, а второто пред да ја добиете понудата“, вели Џош Дуди, тренер за преговори за плати за програмери на софтвер и поранешен менаџер за вработување.

Во онлајн апликацијата не одговарајте директно

Исполнувањето на образецот на интернет не е исто што и разговорот, па се препорачува да ги избегнувате одговорите на ова прашање.

„Ако тоа не е обврзно поле и не морате да пишувате ништо, оставете го празно“, советува Синтија Понг, бизнис тренер кој им помага на жените да станат подобри во преговарањето и во развојот на кариерата.

Поинаку е ако имате опција да напишете дека можете да преговарита и “ сте отворени за дебата на тоа прашање“.

Ако сепак морате полето да го исполните со нумерички одговор, направете истражување за да ставите поголема бројка во тој распон на платата.

Можете да напишете и нула, но еднаш кога ќе ја напишете таа бројка, ќе ја зациментирате вашата почетна преговарачка позиција.

Каде сте во кариерата?

Некои тренери советуваат распонот на платата да го одредите на основа на свое истражување. Одговорот за очекување на платата може да биде контекстуален според тоа каде се наоѓате во вашата кариера и во која индустрија сте.

„Некои професионалци знаат која е нивната пазарна вредност и имаат цврсто мислење за тоа која основна плата им е потребна за да можат да ја преземат работата“, вели Диксон. За да стекнете подобра претстава, можете да ги прашате колегите за почетните плати за работата за која се пријавувате. Што повеќе разговарате со луѓето, тоа подобро.

Како да одговорите без наведување на ниедна бројка?

Се можете да одложите додека работодавачот не излезе со конкретна понуда ра работата.

Можете да речете нешто како: „Среќен сум што можам да разговарам за тоа кога ќе стигне понудата“ или „ Тоа би зависило од тоа која позиција за преземам“.

Поставете им прашања на испитувачите

Друга тактика е поставување на контра – прашање, така што испитувачите ќе ги прашате за распонот на плати во таа фирма пред да ги наведете своите очекувања.

„Ако ги знаете сите иформации, можете да управувате со бројките: ‘Според моето истражување, работитите што се платени како таа и таа работа се помеѓу X и Y во овој сектор. Дали тоа е во согласност со распонот на вработување за оваа улога?“, предлага Диксон.

Ваквиот одговор покажува „ дека навистина се обидувате да сфатите дали сте на ист пат“. Или поставете прашање за распонот на работата која треба да ја работите. И на основа на тоа можете да процените што се очекува од вас.

Диксон смета дека поставувањето на вакви прашања може да биде малку незгодно ако тој однос не го гледате како противнички, туку како соработка.