Светот на работникот

Како од работници, станале косопственици…

Како од работници, станале косопственици... - Работник
706views

Во 2009 година, Вон Вудоров се вратил во неговиот роден град Питсфилд, САД, со неговото семејство и несигурна иднина.

Бидејќи било тешко да најде дом, тој се преселил со неговото семејство и бизнисот во Мејн, САД, за да им покаже на своите пасинови как се градат силни темели во општеството и семејството. Дали компанијата ќе успее во централен Мејн, било знак прашалник.

Неговата компанија ја води самиот. Тој е специјализиран во полето на соларната енергија и соларни системи. Вудров кој има дипломи по инижинерство и образование, се преселил во куќата на неговите баба и дедо и бил убеден дека неговото смејство ќе може да врзе крај со крај и покрај тоа што неговата компанија не била успешна.

Низ следната декада, компанијата на Вудров – Извори на обновлива енергија, успеала да изникне во успешан компанија. Таа станала претпознатлива во Мејн и почнала да креира технички кариери за локалните работници, за да останат во централен Мејн.

Сега, компанијата направи голем чекор напред во развивањето на добро платени работни места за младите, вешти работници во централен Мејн. По некое време, компанијата ја откупиле неговите работници и заедно со Вон ја поседуваат. Тие заедно се „работници – соработници“.