- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Како работењето од дома ја подобри безбедноста на податоците

Како работењето од дома ја подобри безбедноста на податоците
230views

Со глобалните промени во начинот на работа дојде и непосредната потреба за дигитализација. Приоритет на целиот свет беше сè да проработи што е можно побрзо. Прашањата поврзани со безбедноста, функционалноста и компатибилноста беа на втор план.

Но сега, кога флексибилното работење стана значително почесто, како флексибилното работење може да ја подобри вашата безбедност?

 

Децентрализираниот пристап е поедноставен

Еден од повеќето ефективни пристапи е вградената безбедносна еластичнонст што ја добивате едноставно затоа што вашиот тим е распространет на повеќе локации. Индивидуалните проблематични настани што влијаат на протокот на информации,  како што е пожар во канцеларијата што ќе го затвори седиштето на фирмата или проблеми во собраќајот кој доведуваат до невозможност вашиот главен препоставен кој е одговорен за донесување на одлуки да биде достапен во клучниот момент, значително го намалија ризикот.

Всушност, вие го зголемувате протокот на информации. Со поставување системи кои им овозможуваат на вработените да работат од било кое место, се намалува зависноста од централни локации и импликации во складирањето на потребните информации. Исто така, се воведува можност да имате постојан 24 часовен мониторинг.

 

Револуција во користењето cloud услуги обезбеди посилни безбедносни мерки

Со големата промена во дигитализацијата, дојде и до значително усвојување на таканаречени “cloud” услуги, па следствено на тоа дојде и до одредени подобрувања во безбедноста на податоците. Несомнено е дека за вработените во IT компаниите имаше огромна работа, но сепак придобивките кои произлегоа од тоа се огромни.

Предностите не се само во областа на безбедноста на податоците. Со мигрирањето на системите во cloud, се намалува и потребата од поголем физички канцелариски простор.

 

Видео конференциите се значајна препрека за хакерите

Оваа пандемија донесе и зголемена употреба на услугите за видео конференции односно видео состаноци . Иако видео конференциите постоеа со години, сепак во последните неколку месеци тие стануваат многу попопуларни. Од безбедносна перспектива, видео конференциите не биле главна главен фокус за хакерите.

Во овие моменти, сè уште е релативно невообичаено напаѓачот динамично да генерира прилагодена видео содржина, па всушност им е многу тешко да пронајдат влезна точка. Иако е релативно лесно да се изврши измама преку е-пошта или глас, сепак нападот преку видео конференција е особено предизвикувачко.

Иако ниту еден уред кој е поврзан на интернет не може да се смета за целосно сигурен, компаниите кои користат видео конференции во моментов имаат посебна предност.

Сепак, потребно е да се биде претпазлив. Колку технологијата е подобра, толку се зголемуваат и можностите на напаѓачите.

 

Работата на далечина може да ја гледате или како безбедносен ризик или како безбедносна предност. Децентрализирањето на работата не мора да претставува неорганизираност. Доколку се создаде јасна структура која ќе го заштити протокот на информации, известување за инцидентите, добро организирање на претпоставените и делегирање на обврските работата од далечина не би претставувало никаков проблем.

НОВО! СЛЕДЕТЕ ГО РАБОТНИК НА YOUTUBE! СТИСНЕТЕ “SUBSCRIBE” И ПРИТИСНЕТЕ НА SВОНЧЕТО!