Како собарките на Мајорка се избориле за своите работнички права?

Собарките на Мајорка со успех се борат за своите права.

Многу жени кои на шпанскиот остров Мајорка работат како собарки сметаат дека се искористени и се борат за подобри работни услови. Се организирале и постигнале одредени успеси.

Една од нив е Сара дел Мар која веќе 19 години работи како собарка во истиот хотел лоциран на местото Магалуф на Мајорка.

И покрај секојдневните монотони двжиења, постојаното наведување и подигнување на товар, таа досега не била жртва на типични професионални заболувања: дискус хернија, синдром на карпалниот канал или т.н. тениски лакт.

Многумина од 30,000 нејзини колешки на Балеарските острови ја немаат таа среќа.

За шест часа да очисти 24 соби

Сара дел Мар веќе шест години е претседателка на здружението на собарки „Kellys Union Baleares“ на Мајорка. „Kellys“ е кратенка од шпанскиот поим „оние кои чистат“. Тоа практично го прават само жените, а половина од нив се странци, проценува Сара дел Мар, пишува Дојче Веле.

Таа мора секој ден да исчисти и подготви 24 соби.

Вели дека тоа е невозможно да се направи за шест часа, колку што има на располагање. Раскажува дека има колешки кои добиваат и значајно повеќе работа.

Притисокот е огромен. Многу од нас немаат пауза за ручек, дури ништо не ни пијат додека работат за да не губат време за одење во тоалет.

Го свртеле вниманието кон својот проблем

Изминатите години во Шпанија речиси ниедна група на работници не привлекла толку внимание како собарките.

Тоа го покажува и фактот дека шпанскиот премиер Педро Санчез на почетокот на октовмри, во текот на својата официјална посета на остроците, ги примил и претставниците на здружението на собраки.

Им ветил дека неговата влада одлучно ќе работи на понатамошно подобрување на нивните работни услови. Како што било истаканато во соопшението по состанокот, „без собарките не би функционирал туризмот кој е од огромна важност за нашата економија“.

На прв поглед, здружението од основањето во 2016 година, постигнало доста. Многу чести болести во меѓувреме се признаени како професионални заболувања. Тарифиниот договор за туристичките работници на Балеарските острови, кој се однесува и на нив, се смета за еден од најповолните за работниците во цела Шпанија. Со нето плата од 1,400 евра, тие се подобро платени од многу други работници на Мајорка.

Симбол на една општествена група

Неодамна властите на Балеарските острови ги обврзале сите сопственици на хотели да набават кревети чија висина може да се регулира, за да на собарките им се олесни работата.

Таа одлука предизвикала големо незадоволство кај хотелиерите, бидејќи за неа се потребни големи инвестиции.

Но, откако се организирале, собарките станале многу одлучни. „Ние го постигнавме сето тоа, бидејќи излегуваме на улица“, вели Сара дел Мар.

Организирале демонстрации на големи плоштади во сите важни градови низ земјата.

Но, тоа не е единствената причина за успехот, тврдат од одделението за рамноправност во управата на Мајорка.

Тие сметаат дека собарките привлекле големо внимание во јавноста затоа што претставуваат општествена група која во Шпанија долго време била занемарена: жени кои при големи одрекувања и во тешки услови го ризикуваат своето здравје за да ги прехранат семејствата. А во тоа што шпанскиот премиер се сретнал со претставниците на собарките на Мајорка, голема улога игра и симболиката.

Најважното барање се‘ уште не е исполнето

Сепак, најважното барање на здружението „Kellys Union Baleares“ се‘ уште не е исполенто. Собарките бараат дневната норма повеќе да не ја утврдуваат самите работодавачи кои на сите можни начини се обидуваат да го намалат трошокот за персонал.

Наместо тоа, вели Сара дел Мар, би требало да постојат објективни критериуми при одредување на тоа колку соби дневно е прифатливо.

Придржувањето до тоа правило би требало да го контролира еден независен орган. Во секој случај, здружението успеало во тоа на Мајорка да се спроведува едно истражување кое се обидува да процени кои се „објективните критериуми“.

Тоа што Сара дел Мар, покрај тешката работа, до денес останала здрава, можеби е резултат на нејзината одлучност.

Имено, кога пред некое време имала чувство дека нормата во јотелот станала премногу напорна, го пријавила својот работодавач во трудова инспекција. По контролата било утврдено дека имала право.

Извор: DW

Фото: Pixabay, Unsplash