- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

Како Тесла го замислувал 21-век

КАКО ТЕСЛА ГО ЗАМИСЛУВАЛ 21-ОТ ВЕК
1.27Kviews

Иако зад себе остави огромен број изуми, Тесла честопати размислуваше за иднината. Во текот на триесеттите години од минатиот век, често го посетуваа новинари во хотелот Гувернер Клинтон во Њујорк, со кого разговараа за неговите почетоци, но и за тоа што нè чека во 21 век.

 

Науката е приоритет

Гениалниот Никола Тесла го замислувал светот во кој приоритет за човештвото ќе стане науката, а не војните. Тој говорел како најцивилизираните земји во светот највеќе трошат на војување, а најмалку на образование. Спрема неговото мислење, во ова столетие тој приоритет ќе се промени, а говорел како борбата против незнаењето ќе биде пославна од смртта на бојното поле, а откривањето на нови научни вистини ќе стане поважно од судирот на дипломатите.

 

Исхрана и здравје

Пред крајот на својот живот, Тесла имал и малку необични теории за тоа каква би требало да биде оптималната исхрана на луѓето. Во последните денови од својот живот јадел мед и млеко, верувајќи дека тоа е најчистиот облик на исхрана. Поради ваквата исхрана, тој изгубил многу од својата тежина. Избегнувал месо, а предвидувал дека стимулансите како што се кафето, чајот и цигарите ќе престанат да бидат привлечни, а алкохолот ќе продолжи да се конзумира. Негово прогнозирање било дека ќе има доволно жито и житни производи за да се нахрани целиот свет, дури и популацијата на Кина и Индија.

 

Роботи

Кон крајот на 19 век, по патентирањето на бродот на далечинско управување, започнал да работи на роботи, предвидувајќи дека бројните активности кои ги вршат луѓето, во иднина ќе им бидат препуштени на роботите. Говорел дека во 21 век роботите ќе го завземат местото на робовиот труд кој постоел во античкиот период, со што ќе им остави простор на луѓето да постигнат повисоки животни цели.