ЕкономијаСветСветот на работникот

Канадски Бомбардије отпушта 2,500 работници

Канадски Бомбардије - Работник
98views

Кандската компанија Бомбардије се соочува со голем пад на приходите и принудена е да отпушти 2,500 работници, поради кризата предизвикана од коронавирусот.

Бомбардије овие отпуштања ги оправдува со падот на побарувачката за работни активности, бидејќи воздухоплониот сектор од март е речиси мртов, што е последица предизвикана од пандемијата.

„Со очекуваниот пад испораката на авиони во индустријата од околу 30 отсто во текот на 12 месеци поради пандемијата, Бомбардије мора да ги прилагоди своите активности и работната сила на компанијата. Поголемиот дел од овие намалувања ќе влијаат на производните активности во Канада и постепено ќе се спроведуваат во текот на 2020 година“, рекле од компанијата.

Во изјава за Радио – Канада компанијата соопштила дека 1,500 работници ќе бидат отпуштени во Квебек и 400 во Онтарио, а остатокот од отпуштањата се планирани во меѓународните објекти на компанијата.

Бомбардије во март ги прекинал сите операции во настојување да ги заштити вработените од ширење на новиот коронавирус. Компанијата постепено продолжила со работа минатиот месец, но веќе во првиот квартал забележила загуба од 200 милиони американски долари.

Бомбардије бил во проблеми многу пред да започне пандемијата. Според процените од септември 2019 година, компанијата била соочена со долг од речиси 10 милијарди американски долари. Инаку, Бомбардије вработува околу 60,000 луѓе ширум светот.