Занимливости

Капитал го уништува Монопол: Новата социјална игра предизвикува хистерија во Франција

Капитал го уништува Монопол - Работник
281views

За помалку од три седници продадени се околу 10,000 примероци од социјалната игра Капитал. Ја осмислиле социолози, а базирана е на класната борба, социјалните неправди и политиката.

Капитал е креирана од страна на Моник Пансон – Шарло заедно со својата сопруга Мишел. Партијата почнува со извлекување на картичката на која пишува: „Влегувате во кругот на богатите и сопствениците на најлуксузните јахти на светот“.

Во игратата, како и во животот, не можат сите да бидат дел од одбраното опшество. Играчот кој на почетокот има повеќе среќа започнува како богаташ, а останатите стартуваат како припадници на средната класа и пониските слоеви на општеството.

Играчите се борат да влезат во зоната „даночен рај“.

„Целта на играта е таму да стигнете први, но истовремено и да го зачувате угледот, социјалниот и културниот статус. Како и во реалноста, играчот кој во текот на партијата ќе го одржи своето богатство, има најголеми шанси за победа“, објаснува Пансон – Шарло.

Играта е смислена со цел да се подигне свеста за социјалните разлики и јазот помеѓу богатите и сиромашните.

 

Поднасловот на играта гласи: „Кој ќе победи во класниот конфликт“. Доминацијата на поголемите социјални слоеви достигнала точка на вриење за време на мандатот на актуелната власт, па класните конфликти во еден момент се претворија во војна, објснува Пансон – Шарло за Франс24.

Играта станала популарна и буквално била разграбена само за три недели. 

„Луѓето сакаат креативни игри, а оваа е навистина креативна. Дневно имаме по десетици резеравиции“, наведува сопственикот на продавница за игри, Иго Мунлер.

Капитал престставува симбол за социјалните немири кои во изминатите месеци се случуваат во Франција, но тематиката на играта лесно се препознава во поголемиот дел од земјите низ светот.