СветСиндикат

Карантинот во Италија продолжен до 3 мај

Карантинот во Италија - Работник
95views

Италијанската Влада одлучила карантинот кој треба да трае до 13 април, да продолжи до 3 мај, пренеле тамошните медиуми повикувајќи се на извори од синдикати.

Премиерот Џузепе Конте ја соопштил одлуката која не е официјално соопштена на граѓаните, на состанок во четвртокот навечер со претставниците на Владата, синдикатите и работодавачите.

„Стоп до 3 мај, потоа излегуваме“, навел весникот Стампа, додека Коријере дела сера на насловната страна напишал „Италија затворена до 3 мај“.

Медиумите додаваат дека најверојатно од 3 мај ќе бидат отворени некои претпијатија.

Весникот Република навел дека последни на кои ќе им биде одобрено отворање ќе бидат рестораните, баровите, училиштата и спортските хали. Засега не се знае кога ќе биде тоа.