ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Кариера: Дома прават нокти, фризури, торти – кој им го зема ќарот на легалните занаетчии?

Дома прават нокти, фризури, торти - Работник
191views

Нокти, депилација, шминка, торти, бели пецива, поправање автомобили, шиење фустани… Сето ова се бизниси кои се работат во домашни услови, на црно, без регистрирана фирма и без никаков трошок.

Легалните занаетчии постојано во борба со оние кои работат дома, во подрум. Нелојалната конкуренција е огромна, па затоа тешко им е да се изборат на пазар оние кои се регуларни пред законот.

Јас имам козметички салон. Работа едвај за преживување. Во Куманово, на секој чекор има по некоја жена која депилира, прави нокти, шминка во домашни услови. Цените, пониски за разлика од салоните, тие можат да си го дозволат тоа. Немаат трошоци кон државата, не плаќаат кирија. Но, затоа нив и никој не ги контролира, никој не знае колку сетоа тоа таму е чисто и безбедно. Тешко е денеска да се избриш на пазарот, покрај толку голема конкуренција, која работи дома во подрум, вели Емилија, сопственичка на козметичкки салон.

Ништо не е поразлична состојбата и со фризерските салони и оние кои одат од дом на дом и кои прават фризури и шишаат во домашни услови.

Денеска, сами сме сведоци дека на социјалните мрежи постојано се нуди храна. Торти, колачи. бели пецива. Цените ниски, примамливи за купувачите, но знаат ли истите што купуваат, од каде, од кој? Знаат ли купувачите со што е направена тортата, во какви услови? Што да правиме ние кои сме се одлучиле, да отвориме фирма за ова, додава сопственик на слаткарница.

Тие не плаќаат трошоци, ги избегнуваат даноците, административните постапки, уплаќањето на социјални придонеси, даночните и трудовите регулативи. Сето тоа им овзоможува да имаат ниски цени на услугите, а со тоа ја уништуваат оние кои се чисти пред законот.

Извор: Кариера