- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Картички по 6.000 денари, еве до кога ќе бидат готови и до кога ќе треба да се потрошат парите

Картички по 6.000 денари, еве до кога ќе бидат - Работник
1.25Kviews

За најмногу два месеци или веќе кон средината на ноември банките ќе ги испорачаат картичките на граѓаните кои влегуваат во категориите и им следува домашна платежна картичка на износ од 6.000 денари. Списоците ќе бидат објавени кон средината на октомври, а парите најверојатно ќе треба да се потрошат до крајот на годината.

Премиерот Зоран Заев го промовираше продолжението од проектот Купувам домашно со картички кои овојпат ќе опфатат 283.000 луѓе. Ова е дел од четвртиот пакет антикризни мерки, а државата за нив издвојува 27,6 милиони евра.

Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари кои се околу 182.271, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.

Повеќе прочитајте на засе.мк