ПравдаСветСиндикат

Катар го отфрли системот на модерното ропство

Катар го отфрли системот на модерното ропство - Работник
170views

Програмата на Катар за трудовите реформи вчера успеа да го отфрли кафала системот и да воведе модерен систем за индустриски односи, пишува Меѓународната Конфедерација на синдикати – ИТУК.

Според ИТУК, излезните визи за работниците, вклучувајќи ги домашните работници, оние кои се вработени во владини и јавни институции, како и вработените во поморскиот сектор, агрикултурата, како и обичните работници, биле елиминирани. Овие работници ги имаат истите права како и сите други во Катар. Истиот недискриминирачки закон ќе се однесува за сите работници, вклучувајќи ги и домашните работници.

Истакнаа дека воведен и нов закон за минимална плата кои ќе важи за сите работници. Како и ќе им се овозможи на работниците да менуваат работни места без дозвола од своите работодавачи, следејќи ги нормалните договори за работа.

Од ИТУК наведоа дека Катар се менува. Новите закони ќе стават крај на кафала системот на модерното ропство. Потенцираа дека воведувањето на минималната плата која е прва од таков вид на Блискиот Исток ќе ја подобри положбата на работниците и ќе гарантира минимално ниво на заштита. Побараа од Владата на Катар да го најави новиот закон што е можно побрзо.

Според ИТУК, работниците сакаат да работат во голфските држави, сакаат да ги поддржуваат нивните семејства, но сакаат и да имаат пристојна работа, фер третман со достоинство и почит. Истакнаа дека жално е што соседните држави на Катар не воведуваат вакви промени. Таму мигрантските работници се третираат како да се помалку од луѓе, имаат малку права и слободи.

„Реформите треба да се вметнат во работничката пракса и силната правна согласност. Но, партнерството помеѓу Владата на Катар, Меѓународната Организација на труд и ИТУК работи на тоа да смени животи – да ја смени нацијата“, рече Шаран Бароу, Генерален Секретар на ИТУК.

Новите закони треба да стапат на сила од 1 јануари 2020 година.