ПравдаСветот на работникот

Катар: Мигрантите штрајкуваат поради работните услови

Катар: Мигрантите штрајкуваат поради работните услови - Работник
189views

Стотици работници – мигранти во Катар штрајкуваа изминатава недела поради лошите работни услови, неисплатените и доцнежните плати и заканите дека ќе им бидат намалени платите, истакнаа вчера од Хјуменс Рајт Воч.

И покрај воведувањето на неколку трудови реформи во изминатата година, властите во Катар не успеаја да го исфрлат кафала системот кој шири насилство и им дава моќ на работодавачите над нивните вработени. На работниците – мигранти сеуште им е забрането да се здружуваат во синдикати и да учествуваат во штрајкови.

„Работниците во Катар влегуваат во штрајк во држава која им забранува да штрајкуваат и да се приклучуваат на синдикатите и го поддржува трудовиот систем кој ги експлоатира и злоупотребува“, рече Лама Факих, директорка на Хјумен Рајтс Вач на Блискиот исток. „Вознемирувачките трудови практики кои ги принудија работниците да преземат ризик ќе продолжи се додека Владата на Катар не се одрече од Кафала системот.“

Работниците – мигранти во Катар се експлоатирани од страна на трудовиот систем кој може да ги направи да бидат ранливи на принудна работа, заробувајќи ги во ситуации во кои нивните права за фер плати, исплата на прекувремена работа, адекватно домување, слободата на движење и пристапот до правда се ризични. Сериозното и системското кршење на правата на работниците – мигранти во Катар потекнуваат од кафала системот кој ги врзува работниците мигранти за нивните работодавачи и строго забранува промена на работодавачот.

„Покрај ранливата позиција овие работници – мигранти, тие се борат за своите права“, рече Факих. „Владата треба да одговори на нивните барања и да направи законот да важи и за нив“.